Во Домот за стари лица во Радовиш седум штитеници и тројца вработени инфицирани од коронавирус

Од:

Седум штитеници од Домот за стари лица во Радовиш и тројца вработени се позитивни на Ковид-19, информира директорката на Центарот за јавно здравје од Штип, д-р Марија Димитрова.

-Штитениците се хоспитализирани, а ние доставивме предлог до Комисијата за заразни болести Домот во Радовиш да биде ставен под карантин. Според нашите анализи заразата најверојатно е донесена од надвор, рече директорката Димитрова.

Инаку, во Радовиш заклучно со вчера се регистрирани 19 активни случаи на инфицирани со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за раководно службено лице во Општина Радовиш

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

Ангелов: Пожарот во близина на Радовиш веќе ставен под контрола, активни 15 пожари