Во домот на кавадарчанец пронајдени оружје и поголема количина муниција

Од:

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес – Одделение за внатрешни работи Кавадарци, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци, вчера извршија претрес во домот на М.Т.(50) од Кавадарци.

Од МВР информираат дека при претресот се пронајдени и одземени 273 парчиња боева муниција, кал. 7,62х39, 173 парчиња муниција, кал. 9х19, 240 парчиња маневарска муниција, кал.7,62х39, 13 парчиња муниција, кал. 7,65, 2 парчиња муниција кал.12,7, пиштол „Црвена застава“ без рамка за куршуми, и пиштол „Црвена застава“ кал.9 мм со рамка.

– Со М.Т. е извршен разговор, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на Министерството.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он