Во Долнени загина 34-годишен тракторист

Од:

На локалниот пат Ропотово-Пешталево, општина Долнени, синоќа по 22 часот се случи тешка несреќа во која животот го загуби 34 годишниот тракторист Горан Бошкоски од селото Секирци. Бошкоски загинал  откако се превртел тракторот со кој управувал и го потиснал.

Според Маријана Илиеска, заменик јавен обвинител при Основното јавно обвинителство во Прилеп, несреќата се случила синоќа по 22 часот. Бошкоски управувал со трактор марка „Фергусон“ на патот Ропотово – Пешталево.  Во еден момент тракторот излетал од патот, се превртил  и паднал во ендек  со вода. Тракторот го потиснал несреќниот возач и тој, најверојатно, се удавил во водата. Со него, како сопатник, било 15 годишно момче кое во последен момент скокнало од тракторот и се спасило. Момчето ја пријавило несреќата.

Лекарите од  Итната медицинска помош од Прилеп само ја констатирале смртта кај 34 годишниот Бошкоски. Увид направиле полицијата и прилепското јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски