Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска се одржува првиот состанок на Работната група за Избирачки список на кој присуствуваат претставници на институциите, на политичките партии, на амбасадите на САД и на ЕУ, на ОБСЕ, на ИФЕС и на невладини организации.
Според информациите од ДИК, на состанокот претседателот на ДИК Александар Чичаковски информирал за резултатите од прочистувањето на Избирачкиот список до пред одложувањето на предвремените парламентарни избори, а потоа учесниците на состанокот ги презентирале своите почетни позиции.
Од политичките партии присуствуваат Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Артан Груби од ДУИ, Дамјан Манчевски и Цветанка Иванова од СДСМ и Беким Фазлиу од ДПА.
На средбата присуствуваат и претставници од министерствата за правда, за внатрешни работи и за надворешни работи, Државниот завод за статистика, Управата за водење матични книги, Секретаријатот за европски прашања и Дирекцијата за заштита на лични податоци, од амбасадата на САД, на ЕУ, Мисијата на ОБСЕ, ИФЕС, како и невладините МОСТ и ЦИВИЛ.