Во детската градинка во Виница три нови занимални за 50 деца

Од:

Детската градинка „Гоце Делчев“ во Виница ја заврши реконструкцијата на трите занимални со кои се згрижија 50 нови дец кои чекаа згрижување повеке од година дена.

– Веќе се целосно комплетирани трите нови занимални во централниот објект на Детската градинка “Гоце Делчев“ во кои згриживме уште 50-на дечиња кои чекаа на листата за сместување. Објектот се догради со средства од Буџетот на градинката, како и со помош на општината, а внатрешниот ентериер, кој уште се комплетира е донација од Министерството за труд и социјална политика. Вкупната инвестиција за проширувањето изнесува 3 милиони и 100 илјади денари, изјави Илија Јованов директор на градинката.

Јованов најави дека паралелно со оваа инвестиција, ќе биде распишан нов тендер за замена на поктивот на градинката, и хортикултурно уредување на дворот со средства од Швајцарската агенција за развој.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски