А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Депозитарот запишани 776 иматели на обврзници од 14. емисија за денационализација

by А1он01/06/2015 - 17:09129
Share0

Од издадената 14. емисија на обврзници за денационализација се стекнаа 776 иматели, соопшти Централниот депозитар за хартии од вредност, каде денеска е регистрирана оваа емисија.

Добивај вести на вибер

Со Четиринаесеттата емисија на обврзници за денационализација во вкупен износ од 9.500.000 евра опфатени се сите правосилни решенија за денационализација од 1 февруари 2014 до 31 јануари 2015 година. Овие обврзници се хартии од вредност кои гласат на име, во ЕВРО валута и се неограничено преносливи. На обврзниците се пресметува камата од 2 отсто на годишно ниво, а номиналната вредност и каматата се отплатуваат во период од 10 години. Исплатата на каматите и номиналните вредности од обврзниците ќе се одвива согласно објавениот Проспект за издавање и тргување на Четиринаесетта емисија на обврзници за денационализација од страна на Министерството за финансии на Република Македонија.

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје денеска изврши пресметка на доспеаните камати и рати од обврзниците за денационализација од Четврта до Тринаесетта емисија. Пресметката е направена согласно Проспектите за обврзниците за денационализација објавени од страна на Министерството за финансии на Република Македонија.

Исплатата на ратите и каматите ја врши Министерството за финансии. Исплатите се вршат на банковната сметка регистрирана на личната сметка на имателот на хартиите од вредност во Депозитарот.

Физичките лица – иметели на обврзници за денационализација кои досега немаат регистрирано банковна сметка во Депозитарот, за да се стекнат со паричните средства од доспеаните рати и камати, треба да се обратат и дадат овластување на некоја од деловните банки во Република Македонија.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен