Во Делчевско испораката на огревно дрво за 30 проценти поголема од лани

Од:

За потребите на граѓаните на Делчево и Македонска Каменица, ЈП Македонски шуми- Подржница „Голак“ досега се дистрибуирани над 7 илјади метри кубни огревно дрво, а до почетокот на грејната сезона,  до 15 октомври, ќе се дистрибуираат уште 650 метри кубни дрва.
 
Ова денеска го изјави директорот на Подружницата„Голак“ Јордан Димитровски, потенцирајќи дека годинава вкупната испорака на огревно дрво во овој регион е за 30 проценти поголема од лани.
 
– Годинава навреме се дистрибуирани сите порачани количини, согласно со склучените договори со физичките лица. Остануваат уште 650 метри кубни кои се подготвени за транспорт. Бидејќи временските услови се поволни,очекуваме да завршиме со испораката уште на овие количини до почетокот на грејната сезона, рече Димитровски.
 
Тој додаде дека паралелно со овие активности се врши и маркирање во приватните шуми.
 
Инаку, делчевската подружница се подготвува за акцијата за пошумување која се најавува за ноември оваа година.
 
– Според планот, очекуваме да засадиме околу 30 илјади садници на површина од 10 хектари. Станува збор за багрем , бор, јавор и чемпрес. Од нашиот расадник,„Дервишица“ каде годинава имаме произведено околу 300 илјади садници, за денот на дрвото ќе опслужуваме и други подружници, за да се задоволат потребите за пошумување голини, рече Димитровски.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза