Во Делчево претставени кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори

Од:

На партиска конвенција синоќа во Делчево ВМРО – ДПМНЕ и коалициските партнери ги претставија кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници за претстојните локални избори. Пред присутните се обрати носителот на листата Сашко Ивановски, актуелен директор на ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, кој порача дека претстојните избори се референдум за Македонија.

– Фалангата на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата под полна пареа, освежена, максимално мобилизирана, засилена, охрабрена и со ваша силна поддршка, гази, меле, дроби се пред себе и оди во една сигурна победа. Горди мои делчевчани, ве повикувам заедно обединети на овие избори да ни бидете ветар во грб, сила логистика насочувач и коректор. Сите ние сме си потребни еден на друг, бидејќи ова не се само локални избори, бираме дали ќе постоиме, ова е безмалку референдум за тоа дали ќе постоиме, избори на кои бираме унитарност, бираме двојазичност, .од утре натаму не смееме да дозволиме да не исплашат заплашат да не покупат, да не скршат да не поделат, рече Ивановски.

Кандидатот за градоначалник Иван Соколов ја споедели неговата визија за, како што рече, европско Делчево и најави заедничко решавање на проблемите на граѓаните, земјоделците, иселувањето, инфраструктурата,…, како и професионална администрација.

– Сите заеднички да се сплотиме и да им навестиме на граѓаните дека доаѓа пролет, дека почува нова ера, дека ќе се менуваат работите на подобро, да навестиме дека нема повеќе да молчиме, дека во Делчево ниту земјоделците, ниту индустријалците ќе молчат повеќе, сите заедно ќе тргнеме во ново време, сите заедно ќе тргнеме во една подобра Македонија, сите заедно ќе тргнеме кон едно подобро Делчево, истакна Соколов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Глинџарски: Со јасен план за развој продолжуваме да го градиме Делчево

Горан Наумовски

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ