Во Делчево последна сесија од Програмата „Форуми во заедницата“

Од:

Во Делчево денеска се одржа последната сесија од Програмата „Форуми во заедницата“ преку која граѓаните учествуваа во креирање на општинскиот буџет за 2016 година.
 
На денешната сесија, Општината даде отчет за реализираните приоритети од граѓаните селектирани во претходните пет форумски сесии.
 
Тони Стоименовски од ЛЕР од Општина Делчево истакна дека 60 проценти од приоритетните проекти предложени од граѓаните се реализирани.
 
– Сите проекти предложени во листа на приоритети од граѓаните се земени предвид за реализација од страна на Општината. Дел од проектите се завршени, дел се во фаза на реализација додека за дел се подготвува документација. Можам да кажам дека 60 проценти од предложените приоритети се реализирани. Граѓаните предложија инфраструктурните проекти за изградба на улици и патишта, атмосферска канализација во градот, изградба на градска капела и сл, рече Стоименовски.
 
Во буџетот за 2016 година досега се реализирани 20 милиони денари, објасни раководителката на Одделението за финансии, Анка Христова.
 
–  Од основниот буџет се реализирани 10 милиони денари, за изградба на патот с.Стамер-с.Град-с.Вирче, крак на улицата „Плачковица“, тениско игралиште, улицата „Вељко Влаховиќ“, подготовка на проекти, додека 10 милиони денари се реализирани од донации за заштита од поплави на реката Брегалница и реконструкцијата на гумената брана на реката. До крајот на годината планирани за реализација се уште 20 милиони денари капитални расходи, рече Христова.
 
Форумските сесии за креирање на буџетот на Општина Делчево во кои беа вклучени граѓаните започна лани во септември со што првпат граѓаните на оваа општина имаа можност да учествуваат во креирање на општинскиот буџет.

Би можело да ве интересира

Форум за културна дипломатија: Неопходни ни се граѓани посветени на мирот и солидарноста

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонски келнери во Блед ме молеа „внесете не во ЕУ, сакаме да се вратиме дома“

Орце Костов

Посебен сообраќаен режим и безбедносни мерки за време на Преспа форум за дијалог во Струга

Форум за зајакнување на европската интеграција на Западен Балкан

Ана Ололовска

Македонско-италијански бизнис форум 2019

Ана Ололовска

Иновативно решение од Македонија меѓу 50-те најдобри старт-ап бизниси на Форум во Истанбул