Во декември 2021 во Тетово имало 2002 сообраќајни прекршоци, речиси двојно повеќе од 2020 година

Од:

Во декември 2021 тетовската полиција бележи 2002 сообраќајни прекршоци што е за 797 повеќе од истиот месец во 2020 година на тетовското подрачје.

Прекршоците се откриени во триесетина акциски и редовни контроли.

– Во контролните активности поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 93 возила, од кои 62 поради истечена регистрација до и над 30 дена, а 31 поради утврдена техничка неисправност. Во декември, исто така, од сообраќај биле исклучени и 311 возачи или речиси двојно повеќе од ланскиот декември, од кои 162 управувале без возачка дозвола, 78 под дејство на алкохол, 53 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, пет со несоодветна категорија и 13 со важечка забрана за управување, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Покрај тоа, во овој период, времено биле одземени девет возила, 148 возачки и 52 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 333 непрописно паркирани возила, најмногу во централното градско подрачје и пред се во таканаречени „двојни редови“, во зона на крстосници, на пешачки премини и на други недозволени места.

Би можело да ве интересира

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје