Во Дебарско контролирани 13 возила што вршат јавен превоз на патници, не се констатирани неправилности

Од:

Сообраќајните полициски службеници во Дебарско, вчера спроведоа зајакнати акциски контроли во сообраќајот посебно насочени кон возила кои вршат јавен превоз на патници.

-Во текот на денот на ова подрачје контролирани се 13 моторни возила од кои, на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се 10 од нив. Кај нив не се констатирани неправлности и не е исклуено ниту едно возило од сообраќај, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи во Охрид.

Според него на подрајчето, што го покрива дебарската полициска станица од општа надлжност, полициските службенци не издале патни налози по овие или други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Единствено, додава тој, се регистрирани само мали прекршоци што битно не влијаеле врз безбдноста на патниците и е дадена само опомена, како превентивна мерка.

-Акциските контроли беа спроведени со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, додава Димоски.

Општа е оценката дека низ патиштата во двете општини во текот на минатата година регистриран е намален број прекршоци и сообраќајни несреќи, при што посебно треба да се нагласи фактот дека во незгодите нема жртви.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози