Во дебарската болница има 30 ковид пациенти, сите на кислородна поддршка

Од:

Во последното деноноќие, како последица од Ковид-19 починаа две лица од дебарско, едно во ковид центарот во Општата болница со проширена дејност во Дебар, додека другото во здравствена установа во Скопје, информира директорот на болницата Баки Алили.

– Еден од пациентите е жител на село Отишани, дебарско, додека другиот на село Баланци, општина Центар Жупа. Во инфективното и хируршкото одделение, хоспитализирани се 30 ковид пациенти, сите на кислородна поддршка. Моментно имаме на располагање уште седум болнички кревети, додава Алили.

Според него амбулантски се лекуваат во просек по 20 пациенти, додека за преглед се јавуваат по двапати повеќе.

-Поради влошена клиничка слика во последното деноноќие на понатамошен третман во здравствени станови во Скопје пренесени се двајца пациенти, со што во установи таму сега имаме седум наши сограѓани. Моментно активни на болеста, според официјалната статистика се 232 лица, но реалната бројка е поголема, бидејќи многу заразени кои иако се активни не се јавуваат на преглед во почетна фаза, посочува тој.

На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кое со здравствена заштита ги покрива дебарската болница, само овој месец потрдени се 318 нови случаи, главно невакцинирани, во списокот на закрепнати се внесени 119, додека за жал починале 14 лица.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава