Во Дебар запленети 20 килограми марихуана

Од:

Припадници на Одделението за внатрешни работи од Дебар вчера во напуштен објект откриле и заплениле четири вреќи со марихуана.

– Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Дебар, на излезот од Дебар, во стар напуштен објект во близина на Градскиот стадион, пронашле четири вреќи со марихуана, во вкупна количина од околу 20 килограми, изјави денеска Стефан Димоски од Секторот за внатрешни работи Охрид.

Тој додава дека по насоки на Јавен обвинител дрогата е предадена на вештачење, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Напуштениот објект каде што била скриена дрогата се наоѓа на излезот од Дебар на регионалниот патен правец Дебар – Струга.

Неофицијално се дознава дека дрогата била прошверцувана од соседна Албанија.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма во струмичко, МВР поднесе кривични пријави

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар