Во Дебар „заглавени“ се и лица кои не се жители, се врши масовно тестирање за коронавирус

Од:

На влезот и излезот од Дебар има полициски екипи кои не дозволуваат влез и излез од градот. Во општината се затекнати и многу гости кои не се жители и кои сега не можат да го напуштат градот. Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, за „А1он“ сведочи дека добил усмено известување од МВР дека сите затекнати гости треба да ги смести во хотелските капацитети и дека сметката за нив ќе ја плати Владата.

„Почна блокадата и добро е што почна за да се стави под контрола ширењето на вирусот. Епидемиологот и инфектологот цел ден се на терен, се оди на масовно испитување за коронавирус, а резултатите ги чекаме утре. Не знам колкава е бројката на досега тестирани, но не се малку“, вели Дука кој и самиот е лекар по професија и апелира граѓаните да бидат трпеливи, дека нема простор за паника и дека е од огромно значење да се изолираат и да не излегуваат од домовите.

„Знам дека е тешко, се стопли времето, убави се прошетките покрај езеро, но единствен начин да го спречиме ширењето на вирусот е изолација“, вели тој.

Тој рече дека епидемиологот и инфектологот кои се уште се на терен донеле полн автомобил  материјали и тестови и дека засега има доволно.

„Лекарите сега го полагаат главниот испит. Сега треба да се покажат. Не треба да се плашат за себе. Граѓаните пак треба да покажат дисциплина, да бидат солидарни и да соработуваат. Ова е грип, од грип постојано има смртни случаи, за нас е нов, но ќе го пребродиме”, вели Дука.

Тој додава дека во Дебар работат маркетите, ќе има вообичаен, па дури и зголемен дотур на стока, а ќе работат аптеки, болници, додека поголемите приватни компании направиле штабови за помош во справувањето со мерките.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава