Во Дебар уште осум лица во самоизолација, граѓаните го почитуваат карантинот

Од:

Во општините Дебар и Центар Жупа каде е прогласена кризна состојба, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места и нарушувања на јавниот ред и мир, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според МВР, во Дебар се евидентирани осум нови лица во самоизолација, а врз сите што се во самоизолација се извршени 68 контроли.

-Во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини, наведува МВР.

Министерството потсетува дека сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти.

-Влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини, потенцира МВР и апелира, граѓаните строго да ја почитуваат одлуката на Владата за забрана за движење на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден и за време на викедот, од петок од 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

-Апелираме на совесно и дисциплинирано придржување до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, подвлекува МВР.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он