Во Дебар се врати коронавирусот, за еден ден нови 18 заболени

Од:

Во Дебар, градот кој беше под карантин откако стана жариште на коронавирусот, а подолг период немаше нови заболени, ситуацијата драстично се менува.

Во последниве 24 часа регистрирани се 18 нови случаи на Ковид-19, а вкупниот број на заболени од коронавирусот во општината е 29.

Претходно, 17 матични лекари го завршија скринингот за имунитет на населението во општината, беше констатирано дека ситуацијата е под контрола, а последниот случај на заболен беше внесен во списокот на оздравени кон почетокот на мај.

Дебар на 13 март беше ставен во целосна изолација поради тоа што беше прво жариште на вирусот, кој се рашири откако двајца заразени сопружници се вратија во земјава, од европското жариште на вирусот – Италија. По нив, се заразија и други 49 лица, а четворица ја загубија битката со болеста.

Од градот не смееше ниту да се влезе ниту да се излезе од него, освен за оние работници кои мораа да се справуваат со кризната ситуација.

Дебарчани строго се придржуваа до мерките, но во последниве неколку дена, во општината се бележат нови случаи на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар

Се препорачува многу внимателно возење во Дебарско поради одрони на патиштата

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

А1он

Од Дебар до Тирана за еден час, пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината

Катерина Ѓуровски