Во Дебар почна повторна дезинфекција на главните улици и јавните површини

Од:

Врз основа на заклучокот на дебарскиот Оперативен штаб почна дезинфекција на главната и пофрекфентните улици, како и јавни површини во градот.

Ова, откако Штабот на вчерашната попладневна средба епидемиолошката состојба со коронавирусот ја оцени како многу критична, со секојдневно ширење на инфекцијата со опасниот вирус.

-Во раните утрински часови екипи на нашето претпрјатие и на Територијалната противпожарна единица, извршија дезинфекција почнувајќи од влезовите на градот, главната и сите пофрекфентни улици, како и на јавни површини. Тоа,како што одлучи Штабот, ќе го правиме двапати неделно во текот на еден месец, изјави за МИА, Омер Цами член на Оператвниот штаб и раководител на секторот на комунална хигиена во Јавното комунално претпријатие „Стандард“.

Според заклучокот на Штабот, ширењето на вирусот е последица на високото ниво на непочитување на мерките за заштита од страна на граѓаните како и деловните субјекти кои генерално не ги почитуваат работните протоколи, ниту работното време.

Официјалнате податоци потвдуваат дека до сега регистрирани се вкупно 173 случаи со Ковид-19, од кои дури 122 се од втората фаза на болеста, откако со регистрираниот случај на петти јуни, во село Долно Косоврасти болеста повторно, по педесет дена, се врати во ова подрачје. Од вкупната бројка пет случаи се од Општина Центар Жупа. Активни на болеста се 111 лица, починале петмина, а оздравеле 57 лица.

Би можело да ве интересира

Дебарчанец е уапсен под сомнение за семејно насилство

Се заканувал со пиштол кон жители на Дебар, меѓу нив и малолетници

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски