Во Дебар пет новозаразени со Ковид-19, активни на болеста 10 лица

Од:

Во Дебар официјални податоци потврдуваат дека во последното деноноќие се регистрирани пет нови случи на Ковид-19, сите жители на градот.

Вкупната бројка на заразени до сега изнесува 61 лице, од нив две од Центар Жупа, кои беа и првозаразени. Од вкупната бројка 47 се излекувани, четворица починаа, активни на болеста се 10 лица.

По цели педесет дена од последно излекуваниот пациент коронавирусот во Дебар се врати на 5 мај, кога беше дијагностициран кај жена од селото Долно Косоврасти, а два дена потоа и кај маж од Дебар.

Три нови случаи беа потврдени на 12 јуни, кога соопштувајќи ги податоците градоначалникот Хекуран Дука, искажа разочарување од своите сограѓани кои недоволно ги почитуваат мерките за заштита.

-Поради непочитувањето на превентивните мерки од страна на граѓаните имаме повторно појава на заразени во нашата општина. Тоа се случи по еден подолг период, во кој нашата општина се сметаше за зелена зона. Засега состојбата е под конторла, но како што оди трендот и очекувањата во следните денови ќе имаме појава на спорадични случаи со Ковид-19, оцени Дука.

Во Општина Дебар, според полициската статистика во самоизолација моментно се 47 лица и врз сите нив во изминатото деноноќие биле извршени кинтроли.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава