Во Дебар ќе се гласа на 27, во Центар Жупа на 16 избирачки места

Од:

Во Општина Дебар, каде освен претседателски ќе се спроведат и предвремени избори за градоначалник, на 21 април ќе се гласа на 27 избирачки места.

-Во Општина Дебар, 22 избирачки места се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. За 270 членови на избирачките одбори, од кои 27 претседатели и исто толку заменици на претседатели на избирачките одбори, веќе се одржани потребните обуки, изјави Елмира Бакали, претседателка на Општинската изборна комисија на Дебар.

На денот на изборите, своето право на глас треба да го искористат над 18.625 гласачи.

Во трката за градоначалничката функција се двајца кандидати, Хекуран Дука од ДУИ и Арбен Аголи од Алијанса за Албанците.

Според претседателот на ОИК на Центар Жупа Еран Зубер, во оваа општина ќе се гласа на 16 избирачки места.

-Шест од избирачките места се во Центар Жупа, додека другите се во селските населените места. Денеска и утре спроведуваме едукација за 160 членови на избирачките одбори, од нив по 16 се претседатели и заменици, изјави Зубер.

Во единствениот избирачки список, во оваа општина, се запишани 6.951 лице со право на глас.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Прегазен пешак во Дебар

А1он