Во Чаир се гради најголемата градинка во Македонија, ќе згрижи 350 деца

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на започнувањето со градба на новиот објект „Бамби“ при детската градинка „Фидани“, во Општина Чаир.

-За нас како Влада врвен приоритет е грижата за сите граѓани, пред се за најмладите. Оттука, продолжуваме одговорно да работиме во изградба на објекти во кои што најмладите граѓани ќе бидат сместени. Градинката „Бамби“ ќе има капацитет за 350 деца кои ќе бидат сместени во 21 занимална, поделени во три групи, истакна Шахпаска.

Министерката посочи дека новиот објект за згрижување на деца, претставува најголем во државата и Министерството за труд и социјална политика учествува во изградбата со 121 милион денари.

Таа го потенцираше раниот детски развој како многу значаен дел од воспитувањето и грижата за најмладите, затоа што тоа е основата за нивна изградба во личности понатаму. Притоа, ја истакна и важноста на стручниот и квалитетен кадар кој игра значајна улога во нивниот воспитно- образовен процес.

-Од почетокот на мандатот отворени се шест градинки со опфат од 416 деца, во финална фаза се уште четири градинки со капацитет од 200 деца, а во тек на изградба се 15 нови градинки кои ќе опфатат нови 1900 деца, рече министерката.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ја потенцираше важноста на новиот објект за згрижување на деца, пред се од аспект на воспитно – образовниот процес во кој ќе бидат вклучени децата од оваа општина, што се должи на одличната соработка на локалната власт со Министерството, односно Владата на РСМ.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Чаир со платформа за превенција и справување со врсничкото насилство, најавени се и нови мерки од МОН

A1on

Прободе дете во Чаир, но нема да одговара кривично – има 13 години

Горан Наумовски

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски