Во Чаир и Чучер Сандево 173 санкционирани возачи

Од:

Само на територијата на Чаир и Чучер Сандево изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува Министерството за внатрешни работи.

За возење под дејство на алкохол санкционирани се двајца возачи, 22 биле за нерегистрирани возила, 18 санкции се изречени за неносење заштитна маска и 98 за останати прекршоци.

Од МВР и денеска соопштуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози