Во Центар и во Ѓорче Петров посебен сообраќаен режим за Водици

Од:

По повод големиот христијански празник Водици ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на сообраќајници во централното градско подрачје и во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улицата „Филип Втори“ до булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Кеј 13 Ноември“ до булеварот „Кочо Рацин“.

Во општина Ѓорче Петров, пак, од 10 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по улицата „Ѓорче Петров“, па лево по улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Демир Трајко“ и „Александар Циборовски“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Сообраќајот по улица „Васил Чакаларов“ ќе биде пренасочен по околните сообраќајници на потегот од ул. „Московска“ до крстосницата со ул. „Иван Цанкар“.

Од сообраќајната полиција апелираат до возачите во овој период од денот да не ги користат сообраќајниците кои гравитираат околу наведените крстосници, да ги користат околните улици, исто така, да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе им бидат давани од страна на униформираните полициски службеници.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он