Во Букурешт почна првата Недела на македонски производи, ќе ги промовираат Хоџа и Бектеши

Од:

Повеќе домашни компании од агросекторот и прехранбената индустрија ќе ги презентираат своите брендови, а посетителите ќе имаат можност да ги почувствуваат вкусовите на македонските вина, сирење, кашкавал, ајвар, мед, мармалади и други производи кои се наши познати брендови, во рамки на Неделата на македонски производи, што од денеска до 18 јуни се одржува во просториите на Стопанска комора на Романија, во Букурешт.

dobivaj vesti na viber

Ова е прв настан од ваков вид, преку спортска дипломатија да се промовираат македонските производи и започнува од Романија, која е една од земјите домаќини на Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020.

Во присуство на претставници на Владата на Романија, членови на Стопанската комора на Романија, државни институции и претставници од романскиот агросектор, еднонеделната презентација „Недела на македонски производи“ денеска во Букурешт, ја отворија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, задно со министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорот на Република Северна Македонија во Романија Габриел Атанасов и директорот на Агенцијата за инвестиции и промоција на извоз, Дејан Павлески.

– Еден од најдобрите начини за промоција на нашата земја е секако спортот и уметноста, но дозволете ми, како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство да истакнам дека има уште еден битен фактор за промоција, а тоа се нашите земјоделско-прехранбени производи. Нашата сончева земја е богато обдарена со поволни климатски услови за земјоделско производство. Секој кој ја посетил нашата земја и вкусил од македонските домашни производи, знае дека тие имаат изразена комплексност на вкусови и мириси. Затоа, странскиот пазар е отворен кон нас и има голем интерес за нашите земјоделски и прехранбени производи, а ние пак вложуваме во насока на квалитетно и стандардизирано зголемување на количините кои странскиот пазар ги бара од нас“, изјави министерот Хоџа, се вели во соопштението.

Тој дополни дека во последните години извозот на нашите земјоделски производи постојано расте, а тоа е доволен показател за развојот на земјоделскиот сектор и интензивирањето на меѓународната трговија.

Министерот Бектеши, се вели во владиното соопштени, ги повика граѓаните и бизнисмените на Романија да ја посетат нашата држава.

– Сакам да упатам денеска порака до стопанствениците од Романија и секако нашите бизнисмени дека ние како Влада и секако како пријателска земја ќе направиме се што е во наша надлежност за да ги подобриме и олесниме условите за соработка помеѓу двете земји, пред се во делот на трговијата. Северна Македонија е мала земја, но имаме голем потенцијал. Во наредниот период сме силно насочени кон засилени активности со главна цел раст на инвестициите во земјата, посебно во пост-ковид периодот, изјави Бектеши.

Тој изрази надеж дека во наредниот период ќе можеме да ги видиме и романските компании на еден ваков настан во нашата земја, каде што дополнително ќе се отворат можности за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Директорот на Агенцијата за инвестиции и промоција, Дејан Павлески, имаше свое обраќање на тема Поддршка на извоз и увоз и услови за воспоставување трговска соработка.

-Искрено се надевам дека со оваа иницијатива за вмрежување и со настаните за промоција што ќе следат наредните неколку дена ќе овозможи остварување на голем број средби помеѓу заинтересираните компании од двете земји и ќе придонесе македонските брендови на познати вина со долга традиција, како и продукти со многу висок квалитет од млечната и кондиторската индустрија да станат дел од пазарот во Романија, изјави Павлески, стои во соопштението.

Македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов, изјави дека спортската дипломатија е во чест на нашата фудбалска репрезентација која после триесет години прв пат настапува на Европско фудбалско првенство и дека промоцијата на нашиот фудбалски тим е поддржана и со настанот за промоција на нашата земја како земја со квалитетни земјоделско-прехранбени производи и атрактивна туристичка дестинација.

Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Романија, Аурел Симион истакна дека е почестен од посетата на министрите Хоџа и Бектеши и дека тоа ни дава можност на сите да ги зајакнеме нашите врски во насока на изнаоѓање решенија во процесот на креирање на заеднички одржливи проекти и програми.

-Убеден сум дека заедно, ќе успееме да ги консолидираме и зајакнеме нашите врски во насока на подобра размена на знаења кое ќе не води кон достигнување на повисоко ниво на инвестиции и поголем обем на трговска размена на земјоделско-прехранбени производи, изјави државниот секретар на Министерството за земјоделство и рурален развој на Романија Аурел Симион.

Претставниците на двете Влади и претставниците на Стопанската комора на Романија, се вели во соопштението, со заедничко сечење на лента, го означија почетокот на еднонеделната промоција на македонски производи.

Македонската промоција „Недела на македонски производи“ е организирана од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со македонската амбасада во Романија и во соработка со Стопанската комора на Романија.

Промоцијата на домашните македонски производи, се вели во соопштението од владината прес-служба, се организир во рамки на првата спортска дипломатија на тема „Унапредување на економската и трговската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Романија“, креираната од Владата со идејна поддршка на советничката за спорт, Силвија Митевска, во насока на максимална меѓународна презентација на нашата држава.

Би можело да ве интересира

ТЕЦ Неготино нема да се вклучи затоа што ќе произведува поскапа струја од увозната

Орце Костов

Бектеши: Арачиново нема заштеда на струја, потрошиле 474 отсто повеќе од лани

Орце Костов

ВИДЕО: Цената на струјата нема да се зголеми, можно е да има и намалување според прогнозите на министерството за економија

Орце Костов

Бектеши: Институциите заштедиле 20 отсто струја освен министерството на Горан Милевски кое потрошило повеќе

Горан Наумовски

Администрацијата од утре ќе проветрува за да заштеди најмалку шест милиони евра

Орце Костов

Бектеши: 72.000 компании добиваат субвенционирана струја, мал дел од компаниите се на слободен пазар

А1он