Во битолскиот дел на Пелагонија се санираат последиците од вчерашните поплави

Од:

Регионалното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со општинските штабови за заштита и спасување од Битола, Могила и Новаци, претпладнево е на сите критични места долж реките Црна и Драгор каде по вчерашниот пороен дожд е зголемено нивото на водата во коритата што минуваат низ битолскиот дел на Пелагонија.

Според Димче Јошевски, раководител на регионалното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување, ситуацијата е под контрола, а на критичните места е поставен заштитен појас.

– Дождот престана да паѓа и тоа ја смирува состојбата на терен каде според првичните информации под вода се околу 300-400 хектари од битолско поле. Најкритична е ситуацијата кај селата Кравари и Егри и тие места се засилени со механизација и луѓе кои ги чистат затворените канали. Нивото на реката Драгор се смирува, додека нивото на Црна достигна 4,20 метри, истакна Јошевски.

Најголеми проблеми предизвикува т.н. петти канал кој е прекинат во еден дел по неговиот тек.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он