Во Битола промовирана книгата „Безбедносни политики и концепти“ од Марјан Ѓуровски

Од:

Факултетот за безбедност-Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“ денеска во Битола ја промовираа книгата „Безбедносни политики и концепти“ од Марјан Ѓуровски.

– Сегашниот безбедносен систем на Република Македонија не дава соодветен одговор на загрозувањата. Современиот безбедносен концепт на РМ треба да воспостави односи помеѓу поединците и заедницата, внатрешната безбедност и транснационалната безбедност, мултидимензионалните безбедносни и природните и факторите во опкружувањето, глобалната безбедност и присуството на не-државни или приватни безбедносни актери, нагласи Ѓуровски на промоцијата.

Во книгата, Ѓуровски се залага за зајакнување на контролната функција на Собранието врз креирањето и спроведувањето на безбедносната политика. Според него, концептот на интегрална безбедност е клучот за решенија на безбедносните предизвици и потребно е дополнување на постојните и донесување на нови документи за безбедносната политика, како и да се појасни улогата на Претседателот на Републиката во донесувањето на безбедносната политика.

Ѓуровски напомена дека Владата треба да донесе посебен закон за интегрална безбедност и да се изгради современ концепт за креирање на безбедносната политика, меѓу другото да продолжи потранспарентно реформирањето на тајните безбедносни служби, ГШ на АРМ да биде орган во рамки на Министерството за одбрана, да се реши положбата на Советот за национална безбедност и да се најдат механизми за подобра координација на разузнавачките служби и нивно натамошно обединување.

Тој предлага нов модел за креирање безбедносни политики каде носечки елементи би биле потпретседателот на Владата за политички систем со надлежност за координација на новоформиран Комитет за безбедност и безбедносна политика, појасни надлежности на Советот за безбедност, формирање на нов Институт за безбедносни политики и Аналитички центар за безбедност кој ќе ги користи информациите од разузнавачките и контраразузнавачките служби.

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Во Скопје имало 322 земјотреса за еден месец – низ градот минува процеп, живееме ли во безбедни згради?

Одржана „Регионална школа за безбедност 2023“ посветена на влијанието на безбедносните предизвици врз урбаната безбедност

Ана Ололовска

Академијата за сајбер безбедност на АУЕ-ФОН станува атрактивна во регионот

Професор Ѓуровски: Потребни се промени на нефункционалниот систем за кризен менаџмент и заштита и спасување

Ана Ололовска

Регионална школа „Новата безбедноста агенда одговор на современите ризици и закани“

Ана Ололовска