Во Битола претставени кандидатите за градоначалници и членови на општинскиот Совет од СДСМ и Коалицијата

Од:

СДСМ и Коалицијата синоќа на партиска конвенција во Битола ги претставија Наташа Петровска кандидат за градоначалник на општина Битола и кандидатие за членови на општинскиот Совет во тој град.

Во своето обраќање на конвенцијата во Битола Петровска ги претстави проектите кои ќе ги реализира во својот мандат, бидејќи како што нагласи во наредниот период Битола ќе ја водат луѓе домаќини.

– Потребни се промени кои ќе овозможат Битола да ја водат луѓе домаќини.Заедно ќе изградиме влезови во градот онака како што и доликуваат на конзулска Битола. Ќе го реновираме Офицерскиот дом во мултикултурен центар, младите ќе имаат повеќе простор за различни спортови преку мултифункционалниот спортски комплекс што ќе го изградиме, и конечно во Битола ќе има гасификација, рече меѓудугото кандидатката за градоначалник на Битола, Наташа Петровска.

На синоќешната партиска конвенција на СДСМ и Коалицијата во Битола говореа и генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, пратеникот Васко Ковачевски и носителот на листата кандидати за советници Валентин Груевски кој како што рече очекува од 31 кандидат дури 19 од нив да бидат идни членови на Советот на општина Битола.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски