Во Битола поставени постери со хигиенски практики за домашните миленици

Од:

Експерти од Факултетот за биотехнички науки и Ветеринарен факултет-Битола подготвија и дистрибуираа информативен постер во кој се посочени информации за хигиенски практики поврзани со храната на домашните миленици.

Целта на постерот е брзо и подобро информирање на сопствениците на домашни миленици и разбивање на сите митови и, како што посочуваат, лажни информации во услови кога за тоа нема докази, дека домашните миленици може да заболат и да ја шират болеста КОВИД-19.

Препораките на експертите од битолскиот Универзитет се темелат на официјалните информации од Светската ветеринарсна асоцијација за мали животни-WSAVA и научниот комитет „Едно здравје“.

-Препорачуваме сопствениците своите домашни миленици да ги чуваат со нив доколку се во самоизолација или карантин, да одржуваат добри хигиенски практики и веднаш да контактираат со нивниот ветеринар доколку се соочуваат со проблеми. Ако кај сопственик на домашно милениче е дијагностициран КОВИД-19, тогаш контактот треба да се сведе на мерка на претпазливост за здравјето на животните, вклучувајќи и допир на нивната храна, посочуваат универзитетските професори од Битола и додаваат дека епрепорачливо домашните миленици да ги чуваат други членови на семејството, ако сопственикот е заразен со коронавирус.

Јавниот инфо-постер за сопствениците на домашни миленици е изработен на иницијатива на УКЛО и Општина Битола.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките