Во Битола почнува вакцинацијата против сезонски грип

Од:

ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола денес почнува со вакцинација против сезонски грип за чија реализација во оваа фаза обезбедени се 3.800 вакцини.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информираат дека вакцинација против сезонски грип ќе се врши за населението во општините Новаци, Могила, Кичево, Демир Хисар и Ресен, односно на територијата за која има надлежност овој Центарот.

– За подрачјето на општините Битола, Могила и Новаци обезбедени се 2.600 вакцини, за Кичево – 700 вакцини, за Демир Хисар – 200 и за општина Ресен – 300 вакцини. Вакцината ги поседува сите потребни сертификати, стручни оценки на квалитет, како и одобрение за пуштање во промет од Бирото за лекови на Република Македонија. Вакцината е со унифицирана цена од 400 денари на целата територија на Република Македонија, истакна Елизабета Крстева, в.д. директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.

Вакцината се употребува за активна имунизација и профилакса на епидемичен грип предизвикан од вируси. Особено се препорачува кај лица со зголемен ризик за заболување од грип и можни компликации од грип.

– Вакцината е за лица со и над 65 годишна возраст, возрасни и деца над шест месеци со хронични заболувања на белодробниот или кардиоваскуларниот систем, вклучувајќи и деца заболени од астма, возрасни и деца над шест месеци со намален имунитет, лица на кои им е потребен постојан медицински третман или хоспитализирање заради хронични метаболни болести, цистична фиброза, ренални пореметувања, имуносупресии, но и лекари, медицински сестри, персонал во болница и останати јавни службеници, кои доаѓаат во контакт со лица со зголемен ризик од грип, посочи Крстева.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информираат дека вакцинација против сезонски грип не треба да ја примаат лица алергични на јајца и пилешки протеини, лица со покачена температура или акутна инфекција во моментот на апликацијата на вакцината и лица со акутни влошувања на хронична болест.

Вакцинацијата ќе се врши секој работен ден почнувајќи во терминот од 07.30 до 18.00 часот.

Би можело да ве интересира

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски