Во Битола почна вакцинацијата против сезонски грип

Од:

Jавната здравствена установа Центар за јавно здравје-Битола почна со вакцинација против сезонски грип која ќе се реализира во општините Новаци, Могила, Кичево, Демир Хисар, Ресен и во Битола.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола информираат дека се обезбедени 3.800 вакцини, а доколу биде потребно ќе се изврши и дополнителна набавка.

– За граѓаните од општините Битола, Могила и Новаци обезбедивме 2.400 вакцини, за општина Кичево 700 вакцини, за општина Демир Хисар, 200 и за општина Ресен, 500 вакцини за чија употреба имаме одобрение од Бирото за лекови на Република Македонија. Вакцината е со унифицирана цена од 400 денари и сепрепорачува за лица со зголемен ризик за заболување од грип и можни компликации од грип, истакна епидемиологот Тони Коњановски од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.

Вакцината не се препорачува, и не треба да ја примаат лица алергични на јајца и пилешки протеини, алергични на гарамицин, лица со покачена температура или акутна инфекција, лица со акутни влошувања на хронична болест и бремени во првиот триместар од бременоста, посочуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција