Во Битола отворена изложбата „Уште поблиска Унија“

Од:

Во рамки на одбелеувањето на 60-годишнината од потпишувањето на Римските договори, Делегацијата на Европската унија и Амбасадата на Италија, денеска во Битола приредија изложба „Уште поблиска Унија“.

Во своето обраќање ЕУ-амбасадорот Самуел Жбогар истакна дека потпишувањето на Римските договори во 1957 година бил првиот чекор кон обединета Европа. – Тоа се смета за година на раѓање на ЕУ таква каква што ја знаеме денес, рече амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Жбогар.

– Граѓаните на земјите-членки живеат во мир, просперитет и безбедност. Европската интеграција е најуспешниот мировен проект во нашата историја и затоа ЕУ ја доби Нобеловата награда за мир. Но, сега живееме во непредвидливи времиња, а годишнината од Римските договори не е само можност да ја потврдиме нашата посветеност кон вредностие и целите на кои се темели европскиот проект, туку и пригода да се преземат прагматични и амбициозни чекори напред, рече Жбогар.

Според него, во моментов во Европа се води дебата за тоа каква ќе биде ЕУ утре и дали ќе биде пообединета или пак земјите членки ќе бидат понезависни во нивното одлучување.

– Чекори се очекуваат и од државите на Западен Балкан кои имаат јасна перспектива да станат членки на ЕУ. Членството значи придобивки но и одговорности. Но ова е единствениот начин за опстојување на системот во корист на сите членки. Ова време е време на предизвици низ целиот свет, бара државништво, негување на демократските принципи, ставање на интересите на граѓаните на прво место и гледање и кон иднината, посочи амбасадорот на ЕУ во Македонија.

Според него, денес светот минува низ период на голема неизвесност, но ЕУ се повеќе ќе биде витална сила за зачувување и зајакнување на глобалниот поредок. ЕУ е најголемиот глобален пазар, водечки странски инвеститор во најголем дел од светот.

– ЕУ е активна во Македонија за да помогне во подготовките за идно членство. Како најголем донатор ЕУ има инвестирано во разни области, ЕУ е најголем трговски партнер и со самото тоа и најголем создавач на нови работни места, рече меѓудругото амбасадорот Жбогар.

Изложбата „Уште поблиска Унија“ ја отворија Жбогар и италијанскиот амбасадор Карло Ромео, а во соработка со УКЛО-Битола беше одржана студентска дебатa за „Иднината на Европската Унија 60 години од Римските Договори“.

Би можело да ве интересира

Новинар отпуштен поради „непријатно“ прашање за Газа; „Русија нападна, Израел се бранеше“

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија