Во Битола одбележани 60 години од отворањето на прва Детска градинка

Од:

Општина Битола го одбележа јубилејот 60 години од формирањето и отворањето на Детската градинка „Естреја Овадија Мара“, а делегација на локалната самоуправа положи цвеќе пред споменикот народната хероина чие име го носи јавната општинска установа.

На свеченост во Битола градоначалничката Наташа Петровска потсети дека во детските градинки се направени реконструктивни зафати, а листата на чекање е намалена за 120 деца.

-Во моментов се процесуира издавањето на градежна дозвола, за изградба на нова детска градинка во поранешната касарна. Проектот е целосно завршен и се очекува следната недела да ја имаме градежната дозвола, со што имаме отворени раце за градење на нова градинка и за сериозно намалување на листата на чекање во градот. Во новата детска градинка ќе може да престојуваат 250 деца. Во контакт сме со Министерството за труд и социјална политика, општината е подготвена да финансира, има и приватни субјекти кои што се заинтересирани за вклучување, но гарантирам дека градинката ќе биде изградена, независно која комбинација на финансиски средства ќе биде направена за нејзина изградба, посочи Петровска.

Во првата Детска градинка во Битола отворена во 1960 година, биле згрижени 44 деца, со 9 вработени лица, беше истакнато на денешната свеченост во овој град.

Би можело да ве интересира

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски