Во Битола ќе биде одбележан Денот на албанската азбука

Од:

Албанската заедница во Република Македонија денеска го одбележува Денот на албанската азбука.

На денешен ден во 1908 година, Албанци интелектуалци од Балканот на конгрес во  Битола ја унифицираа албанската азбука.

Манифестација по повод Денот на албанската азбука ќе се одржи во Битола во организација на Министерството за култура во соработка со Секретаријатот за имплементација на Рамковниот договор при Владата.

Во Центарот за култура во Битола концерт ќе одржат виолинистот Шкeљзен Доли од Виенската фухармонија и оркестарот на Универзитетот на Тирана „Ибрахим Мади“ под диригентство на Ољси Ќинани.

Во НУ Музеј на албанската азбука во Битола ќе биде отворена Спомен – собата на Комисијата на албанската азбука, во која се претставени нејзините 11 членови кои во 1908 година одлучиле за новата азбука на Албанците.

Денот на албанската азбука е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски