Во Битола и Прилеп, санкции за 56 нерегистрирани возила, 38 возеле без возачка дозвола

Од:

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера во засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Битола и Прилеп, санкционирала 196 возачи.

Како што денеска соопштија од МВР, изречени се 99 санкции во Битола, меѓу кои 25 за нерегистрирани возила, 19 за возење без возачка дозвола…

Во Прилеп се изречени 97 санкции, меѓу кои 31 за нерегистрирани возила, 19 за возење без возачка дозвола и четири за возење под дејство на алкохол.

Засилените сообраќајни контроли, најавуваат од МВР продолжуваат и во наредните денови. Апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози