Во Берово, Гостивар и во Тетово да не се излегува од дома, воздухот е екстремно лош – препораки од Институтот за јавно здравје

Од:

Воздухот во Берово, Гостивар и во Тетово е квалфикуван како екстремно лош поради зголемени концентрации на ПM 2,5-честички. Како многу лош се квалификува во Струмица, Битола и Кичево,поради зголемените концентрации на ПM 10-честички, а во Ѓорче Петров поради зголемени концентрации на ПM 2,5-честички. Поради зголемените ПМ10 честички воздухот е лош во Скопје, Прилеп, Неготино, Гевгелија и во Кочани. Ова се податоци од Европскиот индекс за квалитет на воздухот (Европска агенција за животна средина – ЕЕА).

Како најчувствителни и под најголем ризик од загадението воздух се децата помлади од 5 години, постарите граѓани (особено над 65-годишна возраст), бремените жени, лицата со хронични заболувања (циркулаторни/кардиоваскуларни заболувања), пациентите со астма и ХОББ, дијабетичарите, луѓето што работат на отворено, социјално загрозени категории граѓани и пушачи, чиј ризик од сериозно срцево оптоварување се зголемува меѓу 3 и 4 пати. Оние со веќе постојни респираторни проблеми се изложени на особен ризик.

Поради ваквата состојба Институтот за јавно здравје издаде препораки .

За градовите со екстремно лош (сиромашен) индекс на квалитет на воздухот:

– останете дома ако не треба да излегувате;
– останете дома или намалете го физичкиот напор, особен на отворено, особено доколку почувствувате симптоми, како што се кашлица или болки во грлото;
– возрасните и децата со проблеми со белите дробови, возрасните со срцеви проблеми и постарите луѓе треба да избегнуваат напорна физичка активност;
– бремените жени треба да останат дома;
– луѓето со астма може да откријат дека треба да го користат почесто нивниот инхалатор. Ако треба да излезете, носете маски со докажана ефикасност;
– лицата со хронични заболувања редовно да ја земаат терапијата, а по потреба, доколку почувствуваат симптоми, веднаш да се јават кај својот матичен доктор или во болница;
– избегнувајте престој и активности на отворено (спорт, рекреација).

Ова се однесува не само на чувствителните групи туку и на децата и младите што повеќе време поминуваат надвор на отворено и особено на лицата што професионално се ангажирани и работат на отворено.

– Носете заштитна маска со докажана ефикасност на отворено.

Ефектот е двоен, и како заштита од суспендираните (лебдечки) честички и од сезонските вируси (на грип, настинки, вклучително и SARS-CoV).

– не отворајте ги прозорците во вашиот дом;
– користете прочистувач на воздух без јонизатор (за особено чувствителните лица со астма, хронични заболувања – респираторни или циркулаторни и мали деца и бремени жени).

За градовите со лош индекс на квалитет на воздух:

– секој што чувствува непријатности, како што се зацрвенување или печење на очите, кашлица или болки во грлото, треба да размисли за намалување на активноста, особено на отворено;
– зајакнете го имунолошкиот систем. Јадете здрава храна со многу овошје и зеленчук;
– посетете го вашиот матичен лекар или здравствена клиника ако не се чувствувате добро и искусувате какви било негативни ефекти од загадувањето на воздухот;
– останете дома ако не треба да излегувате. Возрасните и децата со проблеми со белите дробови и возрасните со проблеми со срцето треба да ја намалат напорната физичка активност, особено на отворено, а особено ако искусат симптом;
– бремените жени треба да останат во затворен простор;
– луѓето со астма може да откријат дека треба почесто да ги користат своите инхалатори;
– постарите луѓе исто така треба да го намалат физичкиот напор. Ако треба да излезете, носете маски со докажана ефикасност.

За сите групи на население:

– имајте предвид дека доколку во вашиот дом се греете на дрва или на некое фосилно гориво, вашата изложеност ќе биде значително повисока поради веројатно влошениот квалитет на воздухот во затворената просторија во која престојувате;
– јадете храна богата со витамини (антиоксиданси – витамин А, витамини Ц и Е, бета-каротин, ликопен, лутеин, селен, манган и други), главно присутни во овошјето и зеленчукот;
– консултирајте се со вашиот лекар. Посетете го вашиот матичен лекар или здравствена клиника ако се чувствувате лошо или доколку искусувате какви било негативни ефекти од загадувањето на воздухот.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Загадувањето на воздухот во училиштата и градинките речиси за двапати ги надминува препораките од СЗО

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Смрди, тешко се дише, воздухот е лош и навечер и наутро

Катерина Ѓуровски

Кочани, Скопје, Струмица, Тетово и Гостивар со алармантно загаден воздух