Во барок и Кисела Вода

Од:

По општина Центар, уште една скопска општина го внесува барокот.

На местото на некогашната сапунара „Цветан Димов“, на влезот во скопската населба Кисела Вода, ќе се гради барокна станбена зграда со висина од дури 18 ката, објави build.mk.

Градоначалничката на Кисела Вода, Биљана Беличанец ќе формира комисија која пред да започне изградбата на објектот ќе треба да даде зелено светло за фасадното во барокен архитектонски стил.

Објектот ќе биде со максимална висина до венец од 57,5 метри.

Општината ја продаде градежната парцела со површина од 4.403 метри квадратни, на која е предвидено да се издигне замисленото барокно здание. Најповолниот понудувач за атрактивното земјиште ќе плати 29.570 денари од метар квадратен, односно за целата парцела е предвидено да одвои 130.196.710 денари или околу 2,1 милиони евра.

Фабриката за сапун е изградена во 1932 година под името „Аеро“ и во тој период претставувала една од најсовремените фабрики.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов