Секторот за внатрешни работи Тетово, со судска наредба, изврши претрес во домот и помошните простории на 23 годишниот Ф.С во тетовска Мала Речица.
При претресот, во бањата на куќата пронајдена е автоматска пушка со бајонет, без кундак, калибар 7,62 милиметри од кинеско производство, дрвен кундак за автоматска пушка и две рамки со пет куршуми од истиот калибар.
Пронајденото со потврда е одземено и ќе се вештачи, а Ф.С кој претходно повеќе пати е пријавуван за извршени тешки кражби на ова подрачје, e приведен и задржан во СВР Тетово. Против него, поднесена е соодветна пријава, со која вчера беше изведен пред истражен судија на Основниот суд Тетово.