Во август и септември со коронавирус се заразиле повеќе од 40 илјади граѓани

Од:

Според статистиката објавена од Министерството за здравство, од 6 август до завчера, во земјава се потврдени 40.208 граѓани позитивни на Ковид-19, од кои 25 отсто биле целосно вакцинирани, односно 10.066 лица.

Во изминативе два месеца, 30.142 граѓани, односно 74,9 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани, се наведува во анализата што ја објави МЗ.

За вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози и поминале најмалку 14 дена од апликацијата на втора доза вакцина.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79 отсто, додека 21 отсто од хоспитализираните пациенти се целосно вакцинирани.

Во период од 6 август на територија на државата починале 1382 пациенти со Ковид-19. Од нив 1149 односно 83 отсто не биле вакцинирани, а 17 отсто односно 233 примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 797.988 граѓани, а ревакцинирани се 758.001. Трета доза примиле 1.039 граѓани.

Педесет и три отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 45 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, стои во соопштението.

Во претходното деноноќие направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи со Ковид-19. Починале девет, а регистрирани сe 309 оздравени пациенти.

Досега во земјава се направени вкупно 1.336.229 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-позитивни од почетокот на епидемијата изнесува 196.376, бројот на оздравени пациенти е 182.782, на починати 6.901, а активни случаи во моментов се 6.693

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска