А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Атина одржан состанок за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција

by А1он29/08/2017 - 18:0029/08/2017 - 18:03259
Share0

Министерството за надворешни работи попладнево соопшти дека денеска во Атина е одржан состанок за мерките за градење на доверба меѓу Република Македонија и Република Грција во согласност со договорот постигнат меѓу министрите за надворешни работи на двете земји во Скопје на 24 јуни 2015 година.

Добивај вести на вибер

– Состанокот претставува продолжение на пријателскиот и конструктивен дијалог на заемно договорените теми, како што се проекти за меѓусебно поврзување во областите на транспортот и енергијата, потоа полициска соработка, европски програми, култура, образование, цивилна заштита, јавна администрација, здравствена заштита, соработка меѓу дипломатските академии и иницијативи за деловна соработка. Експерти од релевантните национални институции придонесоа кон плодотворната и продуктивна дискусија, се наведува во соопштението.

Од МНР истакнуваат дека е одлучено следниот состанок да се одржи во Скопје, а за напредокот во процесот на спроведување на мерките за градење на доверба ќе се разговара и на состанокот на министрите за надворешни работи на двете земји што треба да се одржи во четврток во Скопје.

grcija

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски24/03/2026 - 13:2424/03/2026 - 13:24

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 09:1317/03/2026 - 13:06

Земјотрес во Грција

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 09:27

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Горан Наумовски11/03/2026 - 12:28

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он02/03/2026 - 18:01

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 10:1017/02/2026 - 10:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто