Во акцијата „Агент“ приведени четири лица за малверзации со градежно земјиште

Од:

Во рамки на полициската акција „Агент“ денеска од слобода се лишени четири лица, а по две се уште се трага. Лицата се осомничени дека сториле повеќе кривични дела како „перење пари и други приноси од казниво дело“, „фалсисификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

МВР има поднесено кривична пријава против шест лица, од кои петмина се македонски државјани и еден државјанин на Република Словенија.

Целиот случај се однесува за малверзации околу градежно земјиште лоцирано на атрактивна локација во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Според досега документираните сознанија, информира на денешната прес – конференција портпаролот на МВР Иво Котевски, пријавените, искористувајќи го раскинувањето на Договорот за доделување градежно земјиште на користење, склучен во 2000 година помеѓу Министерството за урбанизам и градежништво на РМ и фирмата „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ од Никозија, Кипар, а со цел да прикријат незаконски стекнати парични средства во износ од 62.855.196,00 денари, изготвиле договори со невистинита содржина помеѓу дел од нив и фирми во нивно владение, за наводно посредување за раскинување на споменатиот Договор, кој претходно веќе бил раскинат притоа сторувајќи ги споменатите кривични дела.

Првопријавениот В.Т.(39) од Скопје, како адвокат и полномошник на фирмата „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ од Никозија, три месеци пред раскинување на договорот формирал фирма во Скопје со идентично име „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ ДООЕЛ Скопје. Договорот за земјиштето со кипарската фирма од страна на Мистерството за транспорт и врски бил раскинат на 03.03.2009 година, поради неисполнување на обврските. Веќе наредниот ден по раскинувањето на Договорот, со фирмата „Инвестмент Интернационал“ ДОО Скопје, која е во сопственост на Меркатор Словенија, а управувана од пријавениот словенечки државјанин, адвокатот склучил договор во име на кипарската фирма, а во понатамошната содржина на Договорот наместо „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ од Никозија, стоело „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ ДООЕЛ Скопје.

– Сомненијата се дека целта на ваквиот договор била парачните средства кои „Инвестмент Интернационал“ треба да ги префрли на „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ од Никозија по основ на обештетување за наводно направени трошоци за користење на земјиштето, да бидат префрлени на скопската „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“, во сопственост на адвокатот, рече Котевски.

Инаку, словенечката фирма била заинтересирана за купување на земјиштето, а подоцна и го купила земјиштето од Република Македонија. На овој начин паричините средства согласно договорот од 04.03.2009 година, никогаш не биле префрлени на сметката на кипарската фирма, туку на фирмата со идентично име од Скопје, сопственост на адвокатот, а управувана од петто пријавениот А.Ј.(29) од Скопје.

– Во ова му помогнал словенечкиот државјанин, управител на „Инвестмент Интернационал“, со тоа што иако знаел дека парите треба да бидат префрлени на кипарската фирма, ги префрлил на фирмата од Скопје со идентично име. Откако паричните средства биле префрлени на сметката на скопската фирма, со цел да се прикрие потеклото, пријавениот адвокат склучува договори со невистинита содржина за наводно посредување за раскинување на предметниот Договор со фирмите Интерпарт Ком ДООЕЛ Скопје, сопственост на второпријавениот В.П.(43), а управувана од четвртопријавената Д.Т.(30) и со физичкото лице, третопријавениот С.Б.(62), појасни портарполот на МВР.

Врз основа на вака склучените договори, на лична сметка на С.Б. во два наврата во јули 2009 година од фирмата на првоосомничениот му се префрлени вкупно 28.670.000,00 денари, од кои пријавениот 17.500.000,00 денари ги подига во готово, а 2.860.000,00 денари повторно ги враќа на сметката на скопската фирма, додека 8.000.000,00 денари остануваат на неговата лична сметка.

– Првопријавениот склучува ваков договор и со фирмата „Интерпарт Ком“ ДООЕЛ Скопје на која и се префрлени парични средства во износ од 24.260.000,00 денари. Управителката на „Интерпарт Ком“ ДООЕЛ Скопје за да го реализира овој договор склучува дДоговор со второпријавениот кој иако фигурира како сопственик, како адвокат требало да посредува во раскинувањето на предметниот договор за што му префрлила износ од 17.940.900,00 денари, појасни на прес – конференцијата Котевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски