Во Аеродром денеска и утре ќе се собира кабаст отпад

Од:

Општина Аеродром во соработка со
јавното претпријатие „Комунална хигиена“ денеска и утре ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад.

Акцијата денеска ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, кога граѓаните кои имаат кабаст отпад, од 7 до 11 часот ќе може да го изнесат пред своите домови, доколку живеат во куќа, или, пак, пред зграда, ако живеат во колективни станбени домаќинства.

Од Општина Аеродром апелираат отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, а местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.

Во текот на утрешниот ден во истиот период од денот акцијата  ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово, 13 Ноември и Јане Сандански.

Општина Аеродром посочува дека под кабаст отпад се подразбираат делови од мебел, бела техника, електронски апарати, но не и градежен шут и стакло.

Би можело да ве интересира

Аеродромот во Милано преименуван во чест на Берлускони – градоначалникот одби да присуствува на церемонијата

А1он

Mакедонски државјанин уапсен на аеродромот во Загреб – допираше 15 годишно девојче во авион

А1он

Опасниот отпад ја ниша хрватската влада

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

А1он