Во 7 сообраќајки вчера во Скопје, еден повреден, пајакот отстранил 80 возила

Од:

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди.

Од нив, пет сообраќајни незгоди се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден возач на моторно товарно возило.

Се случила и една сообраќајна незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник.

Во текот вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 26 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, пет возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, односно не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, како и осум возачи кои за време на управување со возилото го користеле мобилниот телефон или не го користеле сигурносниот појас. Санкционирани се и 16 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 80 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Петар Поп Арсов“ кое се наоѓа на територијата на општина Карпош со учениците од второ одделение.

Со почеток во 10 часот поранешните вработени на ОХИС и „Алумина“, како и Здружението на автошколи, возачи и инструктори на „Обука Л“ ќе одржат мирен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Од сообраќајната полиција известуваат дека од денеска до 9 февруари годинава во време од 9 до 13 часот на крстосниците во централното градско подрачје ќе се реализира обука за физичка регулација на сообраќајот на кандидатите за полициски службеници. Обуката ќе ја реализира Единицата за безбедност на патниот сообраќај и Центарот за обука при МВР.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он