Во 7 сообраќајки вчера во Скопје, 7 лица повредени

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета, a четири се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.

Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, 18 возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење и седум возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото. Затекнати се и 34 непрописно паркирани возила, пет лица го управувале возилото без да поседуваат возачка дозвола и 10 лица со необновена регистрација на возилото.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 54 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ одделение во ОУ „Крсте Мисирков“, општина Гази Баба.

Со почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра кошаркарски натпревар од Првата лига – финале помеѓу КК МЗТ Аеродром и КК Куманово. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и можно пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ