Во 6 сообраќајки во Скопје повредени двајца велосипедисти, пајакот отстранил 72 возила

Од:

На подрачјето на Град Скопје вчера сообраќајната полиција извршила увид на вкупно шест сообраќајни незгоди, од кои четири се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле двајца велосипедисти.

Во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 25 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Деветнаесет возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.  Седум возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор и тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол. Санкционирани се и шест пешаци кои сториле прекршоци по различи основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 72 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во основните училишта „Климент Охридски“ и „Петар Здравковски Пенко“ кои се наоѓаат во општина Бутел, со учениците од четврто одделение.

Денеска со почеток во 11 часот и 45 минути поранешните вработени во „Алумина“ ќе одржат мирен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на Владата на Република Македонија, а со почеток во 20 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на АБА лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Тајфун, Словенија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он