Во 4 сообраќајки во Скопје, полесно повредени 2 лица, пајакот отстранил 75 возила

Од:

Во текот на вчерашниот ден во Скопје и околината полицијата извршила увид на вкупно четири сообраќајни незгоди, во кои со полесни повреди се здобиле две лица.

СВР – Скопје за МИА информира дека од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Меѓу санкционираните се пет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 8 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани, а 11 возачи не се придржувале на ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци.

Санкционирани се и 15 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.
Санкционирани се и 4 возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило од наша страна во текот на изминатиот ден отстранети се 75 возила.

Во текот на вчерашниот ден Отсекот за превенција реализира сообраќајна поука на тема „Безбедност на пешаците“, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на Пешаци.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во Детската Градинка „11 Октомври “ објект „Бутел 1 “ истите се наоѓаат на подрачјето на општина Бутел.

Денеска Вработените во МЗТ Леарница АД Скопје со почеток во 12:00 часот ќе оддржат протест пред Собранието на РМ, Владата на РМ и Министерството за Правда во централното градско подрачје.

Денеска со почеток во 17:00 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамките на СЕХА лигата ќе се одигра маѓународен ракометен натпревар помеѓу Ракометниот Клуб Металург и Мешков Брест.

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот како и на овие вонредни настани, од наша страна ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ