Во 23 сообраќајки викендот во Скопје 14 лица повредени

Од:

Сообраќајната полиција на подрачјето на Град Скопје во текот на изминатите три дена извршиле увид на вкупно 23 сообраќајни незгоди.

На 19 февруари, петок, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца пешаци и еден велосипедист.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со телесни повреди еден возач на патничко моторно возило

На 20 февруари, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, две  се со последица материјална штета и  четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца пешаци и еден патник во автобус.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило и еден возач на патничко моторно возило се здобил со телесни повреди.

Вчера, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и двајца сопатници.

Во текот изминативе три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 117 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Триесет и девет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 13 возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, седум возачи не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница и четворица возачи не го почитувале правилото на првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Санкционирани се и шест пешаци кои сториле прекршоци по различни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 115 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он