Во 2025 година 911 бесправно изградени објкети

Од:

Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика.

Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6 проценти) се за домување. Од нив
128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација.

Бесправно се изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни објекти (12.7 проценти), 113 натстрешници (12.4 проценти), 110 доградби, надградби и адаптации (12.1 проценти), 106 помошни објекти (11.6 проценти), 79 гаражи (8.7 проценти), 22 летни тераси (2.4 проценти), 17 времени објекти (1.9 проценти) 9 скалила (1 процент) и 6 тераси (0.7 проценти).

Најголем број бесправно изградени објекти, 96.1 проценти, се во приватна сопственост.

Би можело да ве интересира

Инфалцијата во март е 4,9 %

Намален бројот на работници во индустријата

Левица: Власта со нов закон го силува правото и ја продолжува легализацијата на дивоградби

Се поскапи се угоститетлските услуги, најголемо покачување кај алкохолот

Катерина Ѓуровски

Извозот зголемен за 1,8 отсто, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

ДУИ: Обвинителството молчи за дивоградбите во Чаир