Во 2019 година во земјава немало ниту едно труење со храна

Од:

Системот за безбедност на храната е функционален. Изминатата година не е евидентирано ниту едно труење, иако биле пријавени три случаи со 19 лица, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, оценувајќи дека ваквите резултати се солидни ако се земе превид дека во 2017 година 21 лице завршиле на болничко лекување, а лани 35.

Според Атанасов, минатата година во трите случаи причинителот не е потврден зашто пријавените 19 лица имале благи симптоми.

– Во светски рамки годишно се евидентираат по околу 600 милиони случаи на труење со храна, а од нив 430.000 завршуваат со смрт. Оттука, можеме да кажеме дека кај нас системот на безбедност на храната функционира и во него се вклучени сите инволвирани: потрошувачите, институциите, операторите со храна и лабораториите, рече Атанасов на средба со новинарите.

За поефикасна и уште подобра контрола, како и за поголема безбедност на храната, АХВ, потенцира директорот, воведе систем за брзо известување според европските стандарди, почна да спроведува Програма за контрола и превентива на одделни физички, хемиски и биолошки опасности во определени видови или категории храна, имплементира мониторинг на храната третирана со јонизирачко зрачење, а почна активно да работи и Националниот совет за безбедност на храната.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски

Продолжуваат контролите на зелените пазари

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он