Во 17 сообраќајки за два дена во Скопје, 12 лица повредени

Од:

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди.

На 7 декември, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле седум лица, од кои двајца возачи на патничко моторно возило, тројца пешаци, еден велосипедист и еден возач на трактор.

Вчера, 8 декември, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и еден сопатник.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда на ул. „1“ во село Кондово во 12 часот и 30 минути во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген шара“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во здравствена установа каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Јан Амос Коменски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош со учениците од второ одделение.

Денеска со почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на Првата лигата ќе се одигра кошаркарски натпревар помеѓу КК МЗТ Аеродром и КК Куманово. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава