Во 11 сообраќајки вчера во Скопје, шестмина повредени

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои осум се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Дваесет и три возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, седум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, седум возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 16 возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Санкционирани се и четворица пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 77 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Јане Сандански“, општина Чаир.

Со почеток во 10 часот поранешните вработени во ОХИС и „Треска“ ќе одржат мирен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ