Во 11 сообраќајки вчера во Скопје, осум лица повредени

Од:

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле седум лица, од кои еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, четворица пешаци и еден патник во автобус.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда. Сообраќајка се случила околу 20 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во која учествувало патничко моторно возило „рено меган“ со скопски регистарски таблички. Возачот изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот и удрил во тројца пешаци кои се движеле по пешачка патека. Тие со возила на Брза помош биле пренесени во Ургентниот центар поради укажување на лекарска помош при што кај еден пешак се констатирани тешки телесни повреди, а кај останатите двајца констатирани се телесни повреди.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Централното и Подрачното основно училиште „Круме Кепески“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Кисела Вода со учениците од второ и четврто одделение.

Денеска со почеток во 10 часот поранешните вработени во ОХИС ќе одржат мировен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на Владата на РМ. Од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ